Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Тешко гостување за Вардар кај Борец Баскет
Тешко гостување за Вардар кај Борец Баскет

Тешко гостување за Вардар кај Борец Баскет

На програмата кај момците во сениорската втора лига овој викенд е 18.коло, избраниците на Алекасндар Јованчев ги  очекува тешко гостување во Велес.

КК Вардар во оваа рунда ќе гостува кај тимот на КК Борец Баскет, дуелот е закажан за задутре, (сабота, 19.март). Натпреварот кој ќе се игра во салата “Гемиџии” Велес ќе започне во 12-00 часот. Ривалот на црвено-црните прикажува солидни игри особено на домашен терен. Има две победи помалце од нас, па не очекува еден неизвесен натпревар. На средбата од есенскиот дел ние триумфиравме  над овој ривал со минимален  резултат   79:78.