Ракометарите на Вардар 1961 ја исполнија својата прва цел за оваа сезона, а таа беше пласман во 1/8 финалето на Лигата на шампионите, но сега секако дека и амбициите на тимот растат, посебно ако се земе во предвид формата на нашиот тим, квалитетот на новиот тренер и се останато. Веспрем секако дека ќе биде фаворит, но само на хартија што не мора ама баш ништо да значи.
,,Вардар Фанс” праша, а навивачите на ,,црвено – црните” беа големи оптимисти, па така над 90% од нив сметаат дека Вардар може со помош на публиката да дојде до пласман во 1/4 финалето на ЛШ. (Види како изгледаше сето тоа)
Вардарци на 31 овој месец ќе го пречекаат тимот на Веспрем во Скопје, а седум дена подоцна ќе гостуваат.