Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Баскет Кам гостува на вардарки во 18.коло од Првата лига

Баскет Кам гостува на вардарки во 18.коло од Првата лига

zkk-660x330-660x330

Во женската Прва Лига овој викенд на програмата е 18.коло. Во истото влегуваме како лидери на табелата.  ЖКК Вардар го искористи фактот што првакот Бадел 1862 беше слободен  изминатото коло и со победа  и изби на врвот на првенствената табела.

Девојките на Жаклина Стојановска, во недела (24/03/2019) ќе  го  пречекаат  тимот на Баскет Кам. Натпреварот ќе се игра во малата сала “Кале“ со почеток во 16-00 часот.  На првото соочување со истиот противник одиграно во Македонска Каменица ние дојдовме до лесен и убедлив триумф. Црвено-црните дами победија со високи 49-93. Ние имаме осум победи по ред по поразот од Бадел, доколку триумфираме во недела тоа би било девета победа. Токму идното коло не очекува дерби со шампионките.