Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Вардар гостува кај кугларски клуб Пелистер во недела
Вардар гостува кај кугларски клуб Пелистер во недела

Вардар гостува кај кугларски клуб Пелистер во недела

Овој викенд  нашиот црвено-црн тим, КК Вардар ќе биде гостин  на екипата на  КК Пелистер од Битола.  Дуелот се игра во куглата во склоп на салата “Боро Чурлевски“ оваа средба доби нов термин, иако беше закажана за минатиот викенд истата ќе се одига овој.

Натпеварот помеѓу зелено-белите и КК Вардар ќе се одигра во недела, 24.март. Досега одигравме две средби во Македонската кугларска лига во истите имаме половичен успех. На дербито со КК Макпетрол очекувано бевме поразени до шампионот, на втората средба лесно и убедливо со 7-1 го совладавме тимот на КК 18 Август. Неделниот дуел ќе биде натпревар на два тима кои атакуваат на вицешампионската позиција во лигата.