Во текот на утрешниот ден, сабота, ќе се одигра првиот од двата натпревари во рамките на осминафиналето од ЛШ, помеѓу екипите на ППД Загреб и Вардар. Балканското дерби во елитната лига е прогласено за меч на неделата во ЛШ.
Црвено-црната експедиција денес попладне ќе замине најпрвин од СЦ “Јане Сандански“ кон скопскиот аеродром, а потоа ќе лета за главниот град Хрватска, Загреб. Вардарци тргнаат дваесетина минути по 16-00 часот. Не очекува неизвесен дуел во кој ние важиме за фаворит поради играчкиот ростер, сепак домаќинот се очекува да даде максимум бидејќи едноставно нема што да изгуби во дуелот со поранешниот европски првак.