Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Конечно започнува лигата М16, КК Вардар на гости кај МЗТ
Конечно започнува лигата М16, КК Вардар на гости кај МЗТ

Конечно започнува лигата М16, КК Вардар на гости кај МЗТ

Овој викенд започнува лигата за кошаркари до 16 години по речиси една година прекин со активности во истата поради глобалната пандемија со Ковид-19 вирусот. КК Вардар М16 ќе игра во првата лига, во  оваа генерација има прва и две втори лиги.

Прв предизвик за младите црвено-црни кошаркарски надежи е гостувањето кај тимот на МЗТ Скопје Аеродром. Дуелот е за кажан за утре, 6.март. Напреварот кој ќе се игра во малата сала во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје е закажан со почеток во 16:30 часот.