Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шеваљевиќ ќе игра за Црна Гора на квалификацискиот дуел со Шведска
Шеваљевиќ ќе игра за Црна Гора на квалификацискиот дуел со Шведска

Шеваљевиќ ќе игра за Црна Гора на квалификацискиот дуел со Шведска

Васко Шеваљевиќ се најде на списокот од 16-ракометари во составот на Црна Гора за претстојниот натпревар против селекцијата на Шведска.

Се работи за дуел од квалификациите за пласман на ЕП во 2022 година. Натпреварот меѓу Црна Гора и Шведска ќе се одигра на 9.март, а Шеваљевиќ ќе настапи за својата репрезентација.

Шеваљевиќ настапи на шест натпревари на Вардар во ЛШ и постигна 10 голови.