Нашиот клуб, КК Вардар е организатор на Ф4 турнирот за генерација до 16 години. Денес и утре (06.06-07.06.2018) ќе бидеме домаќини на овие завршни натпревари, а она што го посакуваме секако е да ја одбраниме титулата. Натпреварите ќе се играат во салата на КК Вардар, односно С.Ц “Кале“ (мала сала).
Останати противници се:
- Партизан Мулти Шпед – треторангиран ланската сезона,
- Феникс 2010 – минатосезонски вицешампион и
- МЗТ Скопје Аеродром.
Во рамки на првото полуфинале играат Феникс 2010 и МЗТ Скопје Аеродром со почеток во 15:00 часот. Второто полуфинале играме ние против Партизан Мулти Шпед, со почеток во 17:00 часот.
Натпреварите кои ќе се одиграат во четврток ќе бидат пренесувани на Livestream. Линковите до статистика и до пренос ќе бидат достапни на насловната страница на вебсајтот на МКФ.
Од клубот велат: Ние ги покануваме сите наши љубители да дојдат и да не поддржат на овој претпоследен Ф4 турнир за оваа сезона. Ја посакуваме оваа титула и подготвени сме да ја освоиме.