Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на Вардар парираа одлично едно полувреме на Еспањол, шпанците го добија дуелот во вториот дел на турнирот во Златибор
Кадетите на Вардар парираа одлично едно полувреме на  Еспањол, шпанците го добија дуелот во вториот дел  на турнирот во Златибор

Кадетите на Вардар парираа одлично едно полувреме на Еспањол, шпанците го добија дуелот во вториот дел на турнирот во Златибор

Кадетите на ФК Вардар одиграа  натпревар од 2.коло на турнирот “Куп на Пријателство“, кој вчера стартуваше во Златибор (Србија). Црвено-црните за противник ја имаа екипата на Еспањол од Шпанија. Тие беа поразени со 3-1 со два гола во вториот дел, нашите момци одиграа одлично прво полувреме во кое парираа, истото заврши со нерешен резултат 1:1.

Вардар: Тимевски, Радевски, Талевски, Наумчевски, Велковски, Адем, Колевски, Димовски, Бериша, Игњатов, Митревски. Резерви: Велковски, Тасев, Ѓурковски, Младеновски, Пешевски, Благоевиќ, Петејчук. 

Првиот дел заврши со резултатска симетрија 1-1, и со целосна рамноправност на двете страни. Двата тима играа борбено, имаа по две големи шанси во овој прв дел и двата тима по еднаш стрелаа умешно. Па по ваквиот развој на настаните повеќе од нормално беше да се замине без предност на двата тима на одмор. Противникот имаше прв шанса која ја одбрани Бојан Тимевски, во втората прилика тие поведоа со 1-0. Кај нас Бојан Колевски имаше две прилики, во првиот дел. Во едната промаши “зицер“ откако одлично му нафрли Велковски Давид, во другата шанса во 31.минута постигна гол за изеднување на 1-1 , резултат со кој се замина на одмор.

r7q

Вториот дел им припадна на противниците, ние изморени од пеколниот прв дел и вчерашниот силен натпревар со Удинезе немавме можност на парираме. Еспањол најпрвин дојде во водство од 2-1, а подоцна стрелаа и за 3-1. Со тој резултат се оконча овој натпревар во Златибор. Утре на програмата е последното коло од групата, црвено-црните во истото играат  против тимот на Олимпија.