Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: ЖКК Вардар гостува кај Струга 2009
Кошарка: ЖКК Вардар гостува кај Струга 2009

Кошарка: ЖКК Вардар гостува кај Струга 2009

Викендов ќе се одигра претпоследното, 9.коло од вториот круг во женската кошаркарска прва лига. Во истото тимот на Вардар е гостин на екипата на ЖКК Струга 2009. Ние гостуваме во истоимениот град во сабота.

Вардарки на табелата се второпласирани зад шампионот Бадел, тим со кој не очекува дуел во последното коло исто така на гостински терен. Тој натпревар ќе го даде конечниот пласман пред плеј-офот во лигата. Со тимот на Струга досега во лигашкиот дел се сретнавме три пати, двапати во малата сала “Кале“ и еднаш игравме в гости и на сите три дуели ние искачавме како победник од соочувањето. Вардарки се во низа од осум победи во лигата, девојките на Дамњановски на десет официјални дуели по ред во двете конкуренции ( лига и купот) имаат 100% ефект оваа пролет.