Голманот на РК Партизан има 22 години, ќе се приклучи на вардарци налето, а во Скопје ќе работи со тренерот на голмани на Вардар, Дејан Периќ, со кого веќе соработуваше во српската сениорска репрезентација во 2015 година. Интересен факт е дека пред Партизан најдобриот млад голман на Србија го носеше дресот на Југовиќ, тимот од каде што почна блескавата кариера на Арпад Штербик. Во Скопје го очекува друг српски голман, Страхиња Милиќ-Џамбо кој исто така е поранешен голман на српскиот тим РК Партизан.
