Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Црвено-црните тргнаа со победа, Тетекс “лесен залак“ за вардарци
КОШАРКА! Црвено-црните тргнаа со победа, Тетекс “лесен залак“ за вардарци

КОШАРКА! Црвено-црните тргнаа со победа, Тетекс “лесен залак“ за вардарци

Конечно по долга пауза почнаа и возбудувањата во кошаркарската конкуренција во која се натпреварува нашиот Вардар. Викендов вардарци го одигаа првото коло оваа нова година, тие се сретнаа со екипата на тетовски Кк Тетекс во рамки на Втората македонска кошаркарска лига.

Вардар успеа да дебитира со победа во новата година овој дуел го добивме со 29 поена позитива, резулатот на семафорот во малата сала при С.р.ц “Кале“ изнесуваше 97-68 во корист на црвено црните. Со оваа победа нашите кошаркари остануваат на делбата на втората позиција со 17 бода, колку што имаат и екипите на Гостивар 2015, Водњански Лисици и битолски Пелистер. Вардарци и на првиот дуел со тетовчани  беа поуспешни на мечот кој се играше во Тетово тогаш остваривме победа со резулат 83-91 во наша корист. Следен дуел на црвено-црните е тој со тимот на Кк Ангели, истиот е закажан за на 13 овој месец и на овој како и на мечот со Тетекс вардарци ќе бидат домаќини, мечот ќе се игра во малата сала “Кале“. Резултатите од ова коло во втората кошаркарска лига се следниве :

1.  Ангели  65  72 Охрид АВ
2.   Радовиш  51  58 Пелистер
3.   Шкупи  68  82 Гостивар 2015
4.   Академија ФМП  66  75 Водњански Л.
5.  Вардар  97  68 Тетекс