Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јана Стојановска: “Јуниор лигата“ ја гледам како голем предизвик за понатамошниот успех во мојата кариера и ракометен престиж
Јана Стојановска: “Јуниор лигата“  ја гледам како голем предизвик за понатамошниот успех во мојата кариера и ракометен престиж

Јана Стојановска: “Јуниор лигата“ ја гледам како голем предизвик за понатамошниот успех во мојата кариера и ракометен престиж

Изминатиов викенд се одигра петтото коло на ракометната “Вардар Јуниор“ лига. Се оди според предвиденото, сите планирани мечеви се одигруваат во закажаните термини. Оваа лига функционира на највисоко ниво и се очекува така да продолжи се до крајот на оваа прва сезона на овој голем проект на ракометниот клуб Вардар. Рк Кузман-Вардар се натпреварува во три возрасни категории 02/03, 00/01 и 98/99.

-Според мене лигата на Вардар претставува предизвик за секое дете кое е учесник во истата. Идејата за започнување на оваа лига е идеална, бидејќи им се дава предност на младите членови на академиите во еден клуб кој е познат и надвор од македонските граници. Јас лично оваа лига ја гледам како голем предизвик за понатамошниот успех во мојата кариера и ракометен престиж.

Јана Стојановска настапува за РК Кузман, генерација родени 1998/99 година.

-Дел сум од РК Кузман Вардар во кој има одлична соработка помеѓу тренерите и играчите. Јас лично сум задоволна од мојот тим, иако ние на лигата сме соединети со девојчиња од друга Академија, сепак одлично соработуваме, а нашиот тим преовладува со вкупно 5 играчи и јас сум задоволна од постигнатите резултати и се надевам и целиме кон победи и освојување на лигата.

Учесниците во оваа лига се повеќе го искажуваат своето задоволство од нејзината организација и ги споделуваат своите впечатоци од натпреварите.

-Ме радува учеството на академиите од различни градови бидејќи тоа придонесува до ширење на пријателства помеѓу сите нас и моменти кои се паметат. Во оваа лига ние го даваме својот максимум и го придонесуваме она што е најдобро за нашиот тим, изјави Јана Стојановска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски