Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардарки вредно се подготвуваат за првиот меч со Струга 2009, Муса пролетен “адут“
Кошарка: Вардарки вредно се подготвуваат за првиот меч со Струга 2009, Муса пролетен “адут“

Кошарка: Вардарки вредно се подготвуваат за првиот меч со Струга 2009, Муса пролетен “адут“

Кошаркарскиот женски тим  Вардар на почетокот од оваа седмица  ги  отпочна  подготовки за продолжение на првенството и пролетните возбудувања во Купот на земјава. Првенството   почнува овој месец, поточно  првиот дуел се игра  на 27 јануари. Ни во првото пролетно коло гостуваме кај екипата на Струга 2009, тим против кој во салата “Кале“ како домаќини триумфиравме со високи 71-51.

Оваа пролет, покрај  првенството црвено-црните дами ги очекуваа настапот и во Купот на Република Македонија во женска кошарка оваа пролет каде ја бранат титулата. Вардарки  на овие подготовки тргнаа со “засилување“, во строј беше и Едина Муса. Девојките полека, но сигурно работат на подготовките, тие тренираат вредно  во Скопје и до почетокот на пролетниот дел можен е и некој тест-дуел.

Вардарки лани со Муса и две американки  дојдоа до  трофеј во Купот на Македонија што е прв пехар за црвено-црниот женски кошаркарски колектив во историјата. Таа по крајот на првенството прекина да тренира кошарка и се  префрли  на фитнесот. Нејзиното искуство ќе биде драгоцено за останатите млади кошаркарки во пролетниот дел од првенството и во одбраната на Куп трофејот.