Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шишкарев и Дибиров денес против Финска за максимален ефект во групата од квалификациите за СП
Шишкарев и Дибиров денес против Финска за максимален ефект во групата од квалификациите за СП

Шишкарев и Дибиров денес против Финска за максимален ефект во групата од квалификациите за СП

Додека сите очи на ракометна Европа се насочени во Хрватска каде се игра Европското првенство-2018 кое треба да го даде владетелот на стариот континент, селекциите кои не успеаа да обезбедат континентален собир играат квалификации за Светското првенство идната година. Русија која се наоѓа во оваа група на селекции, тие веќе по пет кола на доминантен начин со максимален број бодови обезбедија бараж за СП.

Шишкарев и Дибиров денес ќе го одиграат последниот, шестти дуел во групата-1 од европскиот квалификациски дел за планетарниот собир. “Зборнаја„ која ја предводат Кокшаров и Дејвис денес ја пречекува Финска во дуел кој е само ревиален, во истиот руските ракометари се изразити фаворити за победа  со која би имале максимален ефект во оваа група. Дуелот со Финска денеска се игра од 14-00 часот.

Баражот беше обезбеден на коло пред крајот во минатата, петта рунда и тоа на гости. Во тој дуел  нашите крила, Тимур Дибиров и Шишкарев  Даниил беа најдобри стрелци во победата на Русија, над Словачка која значеше и обезбеден сигурен бараж за пласман на СП-2019.