Пикерот на Вардар и српската репрезентација, Мијајло Марсениќ на својот фб профил им посака среќа на своите соиграчи од Вардар, Стоилов и Поповски, кои денес го играат својот прв натпревар на ЕП во Хрватска. Во текот на вчерашниот ден, Марсениќ со репрезентацијата на Србија имаше лош старт на првенството, каде убедливо загуби од домаќинот, репрезеннтацијата на Хрватска, за која настапуваат Циндриќ, Чупиќ и Карачиќ.