Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Русија обезбеди бараж, за пласман на светското ракометно првенство во 2019 година
Русија обезбеди бараж, за пласман на светското ракометно првенство во 2019 година

Русија обезбеди бараж, за пласман на светското ракометно првенство во 2019 година

Руската ракометна репрезентација со стопроцентен ефект од шест победи од исто толку одиграни натпревари ги заврши квалификациите за пласман во баражот, за светското првенство во 2019 година. На тој начин Русите со овој триумф против Финска обезбедија бараж, преку кој ќе се борат да се вратат на големите натпреварувања, откако го пропуштија актуелното ЕП во Хрватска.

Избраниците на Кокшаров и Дејвис уште од стартот наметнаа силно темпо на игра и ниту во еден момент не му дозволија на противникот да се надева дека може да стигне до позитивен резултат. Започна Русија со водство од 2:0, а следеше гол на Финска за намалување на резултатот, но домашната репрезентација направи серија од 4:0 и веднаш на стартот се одлепи на пет гола разлика (6:1). Истава позитива ја имаа и на средината на првото полувреме, кога резултатот на семафорот гласеше (11:6). Максималната предност што ја достигна Русија беше седум голови разлика ( 14:7), но до крајот на првото полувреме Финска собра сили на одмор да замине со пристојна негатива од пет голови (16:11).

Русија немаше проблеми ниту во второто полувреме да ја одржува предноста, која само ја зголемуваше. По седум минути игра во вториот дел резултатот беше 21:14. Во неколку наврати, домашната селекција имаше можност да стигне до двоцифрена предност, но сепак тоа им успева кога поведоа со 29:19. Имаа и највисоки 12 голови предност, за финишот од мечот да биде само рутина за Русија која славеше со резулат од 36:26.

На тој начин Русија со максимален број на освоени бодови ја заврши квалификациската група 1 на првото место и на тој начин обезбеди пласман во баражот. Дибиров беше втор стрелец со 6 голови, додека Шишкарев не се запиша во листата на стрелци.