Репрезентацијата до 16 години во машка конкуренција на 30. јуни во малата сала на „Кале“ со почеток во 12:00 часот ќе го означи почетокот на официјалните подготовки во пресрет на Европското Првенство (Дивизија Б) кое ќе се одигра во Сараево во периодот од 9. до 18. август.
Оваа репрезентација е дел од проектот на ФИБА насловен како „Заедно до М16“ кој започна да се реализира пред две години. На списокот се најдоа петмина играчи на црвено-црниот кошаркарски колектив, селекторот Александар Јованчев ги повика следните кошаркари на првиот официјален собир:
1. Лука Савичевиќ – Шпанија
2. Марко Миловановиќ – Италија
3. Богдан Мирковски – Италија
4. Љубиша Димитровски – КК Феникс 2010
5. Матеј Перица – КК Пинк Пантери
6. Славко Трајковски – КК МЗТ Скопје Аеродром
7. Марко Величковски – КК Вардар
8. Павел Даниловски – КК Водно санс
9. Стефан Јовановски – КК Вардар
10. Гоце Петрушевски – Италија
11. Бранко Шуменковски – КК Вардар
12. Андреј Андоновски – КК Феникс 2010
13. Давид Наумовски – КК Водно санс
14. Јован Цветков – КК Пинк Пантери
15. Никола Груевски – Италија
16. Драго Стојановиќ – КК Вардар
17. Теодор Симиќ – КК Водно санс
18. Васил Јаневски – КК Ангели
19. Андреј Митревски – КК Феникс 2010
20. Филип Наков – КК Водно санс
21. Дино Боцевски – Италија
22. Михаил Наумовски – КК Вардар