Кадетките на Вардар Јуниор ја завршија сезоната на второто место, откако во големото финале на завршниот турнир загубија од екипата на Куманово. Во регуларниот дел од сезоната, избраничките на Драгана Ристова беа дел од групата 2, каде завршија на првото место на табелата. На 12 одиграни натпревари имавме забележано 10 победи и 2 нерешени резултати, интересно и двата со идентичен резултат беа на мечевите против екипата на Куманово. Имавме најефикасен напад со 448 постигнати голови и најдобра одбрана со примени 213 голови.
Ова се сите постигнати резултати за вардаровите кадетки во сезоната која помина:
1 коло: Вардар Неготино – Вардар Јуниор 16:32
2 коло: слободни
3 коло: Вардар Јуниор – Куманово 26:26
4 коло: Овче Поле – Вардар Јуниор 21:37
5 коло: Вардар Јуниор – Велкова 5 35:14
6 коло: Делчево Вардар – Вардар Јуниор 18:36
7 коло: Вардар Јуниор – Бошески Спорт 36:16
8 коло: Вардар Јуниор – Вардар Неготино 35:14
9 коло: слободни
10 коло: Куманово – Вардар Јуниор 26:26
11 коло: Вардар Јуниор – Овче Поле 57:12
12 коло: Велкова 5 - Вардар Јуниор 14:43
13 коло: Вардар Јуниор – Делчево Вардар 47:22
14 коло: Бошески Спорт – Вардар Јуниор 14:38
Поради истовремениот настап на турнир во Црна Гора, кадетките на Вардар Јуниор направија максимум на завршниот турнир кој се одигра во Куманово, кој му припадна токму на домашниот тим. Со само десет ракометарки во полуфиналето го победиме тимот на Металург (36:30), додека во големото финале бевме поразени од Куманово (28:19). На завршниот турнир, за најдобар голман беше прогласена Андреа Илиќ, додека најдобар лев бек е Милица Николиќ.