Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Поп-Крстев: Со задоволство останав во Вардар, амбициите ни остануват исти
Поп-Крстев: Со задоволство останав во Вардар, амбициите ни остануват исти

Поп-Крстев: Со задоволство останав во Вардар, амбициите ни остануват исти

Пред неколку дена заврши летниот преоден рок во македонското куглање, во истиот немаше потреси во црвено-црниот кугларски колектив. Вардар не загуби ниту еден играч од ланскиот “сребрен“ тим кој заврши на вице-шампионската позиција во Македонската кугларска лига зад шампионот, КК Макпетрол и пред сите други конкуренти. Разговараме со еден од моторите на оваа екипа, Поп-Крстев за тоа зашто се одлучи да остане и како го гледа фактот што Вардар го задржа ростерот.

-Помина преодниот рок не многу бурен за К.К. Вардар и за мене. Како што реков не постои друг клуб освен Вардар и среќен сум што и оваа сезона ќе можам да ги бранам црвено црните бои. Амбициите на клубот се истите не променети да се освои второто место во лигата. Задоволен сум од тоа што сме истата екипа како и ланската сезона и одлично се познаваме еден со друг и тимскиот дух ќе ни биде на високо ниво.

Зад нас е  сезоната 2017/2018 година во Македонската кугларска лига. Вардарци  во истата беа ослабнати со неколку заминувања и со послаб персонален состав од лани, но со исти амбиции. Целта одбрана на вицешампионската титула зад богатиот тим на шеснаесет кратниот шампион, КК Макпетрол, а пред сите други тимови во земјава. Вкупно 18 пати имавме играчи во топ-6 листата на колото, истата се формира по завршување на колото и во неа влегуваат најдобрите шест резултати на играчите од сите дуели. Лидер во ова категорија е младиот Георг Поп-Крстев. Најмладиот вардарец има пет места во идеалната топ-6 постава на колото, од кои четири оваа пролет. Тој покажа квалитет оваа сезона достоен за почит.

pope-660x330

-Оваа сезона помина како и што најавив дека нашата борба е за вицешампионската позиција. Завршивме како второ пласирани, тоа е за она што се боревме, успеавме да бидеме позади шампионот КК Макпетрол и пред КК ГТЦ Мусандра нашиот ривал и сите останати. Сезонава ја оценувам како успешна како и за мене така и за мојата екипа. Истата за мене како индивидуален играч беше најуспешна, неколку пати успевав да влезам во тимот на колото поточно пет пати, и исто така успеав да го соборам мојот личен рекорд на еден од натпреварите- вели Поп-Крстев.

Дополни и за неговиот ментор, тренерот Димитровски кој му покажа доверба во пролетниот дел од изминатата сезона.

-Благодарност до тренерот Драги Димитровски кој ми даде шанса да бидам дел од почетниот тим на К.К. Вардар и им благодарам на моите соиграчи за позитивниот тимски дух. Најискрено како млад играч се надевам на подобра иднина за овој спорт. Одиме на заслужен одмор од неколку месеци и собираме сили за наредната сезона, како во Европските купови така и за домашната лига- заврши Поп-Крстев.