Викендов што е зад нас младите надежи на кошаркарскиот клуб Вардар одигаа пријателски средби со тимот од Гостивар, екипата на КК Петревски. Дуели се одиграа во четири различни генерации, поточно кај момците родени: 2007, 2008 и 2009 година, како и натпревари во Мини-баскет. Овие средби беа шанса за усовршување на кошаркарските техники кај овие млади генерации на црвено-црниот кошаркарски колектив.
