Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Преглед на вардаровите генерации во детската лига, после осум одиграни кола
Преглед на вардаровите генерации во детската лига, после осум одиграни кола

Преглед на вардаровите генерации во детската лига, после осум одиграни кола

    Вкупно десет натпревари во детската лига одиграа вардаровите генерации, во изминатиов викенд. Беа забележани вкупно девет победи и само еден пораз.

Сигурно коло одиграа генерацијата “2006„ на Филип Спасевски. Вардар (1) полесно од очекувањата високо го порази тимот на Шкупи (8:0), додека до триумф стигна и Вардар (2) кој го победи солидниот тим на Скупи, со резултат 2:1. На тој начин Вардар (1) стигна до својата седма победа, има само еден пораз, додека Вардар (2) има шест победи, еден пораз и еден нерешен резултат.

Нови победи вкупно 16 за генерацијата која ја предводи Горан Петрески, тоа се момчињата родени “2007„ година. Вардар (1) ги почести врсниците од Скупи со 15 голови во нивната мрежа, додека Вардар (2) го “преслуша„ Шкупи и го победи со убедливи 9:0. На тој начин и двете екипи стигнаа до својата осма победа во лигата.

Осма последователна победа во детската лига и за тимот на Вардар (1) кај генерацијата “2008„ предводена од Миле Крстев„ која во ова коло ја совлада екипата на Куманово (6:1), откако имавме негатива на овој меч. До триумф вкупно петти стигна и Вардар (2) победувајќи против Работнички со 8:1. Оваа екипа има уште и два порази и еден нерешен резултат.

Единствениот пораз во ова коло го доживеа екипата на Вардар (2) од генер. “2009„ која беше совладана од тимот на Гроздановски (1:4), додека Вардар (1) повторно беше сигурен, овој пат во дуел со Работнички, триумфирајќи со резултат 7:3. Вардар (1) стигна со седмата победа, без пораз е, а има и еден нерешен резултат, додека Вардар после осум одиграни мечеви има скор од три победи и пет порази.

Победничко коло имаше и генерацијата “2010„ која славеше во дуелите со екипите на Беса и Работнички. До седмата победа во лигата, Вардар (1) стигна убедливо против тимот на Беса (14:0), додека Вардар (2) го победи Работнички со резултат 6:3. Вардар (1) покрај седум победи има само еден нерешен резултат, додека Вардар (2) има учинок од пет победи, и по еден пораз и нерешен резултат.