Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пет генерации на ФК Вардар во среда и четврток ги играат реванш мечевите од 1/4 финалето во купот
Пет генерации на ФК Вардар во среда и четврток ги играат реванш мечевите од 1/4 финалето во купот

Пет генерации на ФК Вардар во среда и четврток ги играат реванш мечевите од 1/4 финалето во купот

Претстојниве два дена на програмата се реванш натпреварите од 1/4 финалето во младинскиот куп на Македонија. Пет генерации на Вардар се во борба за пласман во полуфиналето на националниот куп.

Најтешка задача да се пласираат во најдобрите четири екипи ќе имаат кадетите на Вардар, кои загубија на првиот дуел на Локомотива, екипата на Работнички има солидна предност од 2:0, но не и недостижна за врдаровите кадети, кои ќе треба да го одиграат најдобриот меч сезонава ако сакаат да продолжат во ова натпреварување. Мечот се игра во среда на теренот на Академија, со почеток од 11:00 часот.

Младинците пак се многу блиску до пласман во следната елиминациска рунда во купот. На првиот меч на домашен терен, црвено-црните славеа убедливо со резултат 5:1 против екипата на Македонија Ѓ.П, па реваншот во Ѓорче  не треба да претставува проблем за вардарци да го елиминираат противникот. Натпреварот е закажан за четврток, со почеток од 10:00 часот.

Помладите пионери за само четири дена ќе одиграат нов натпревар против екипата на Шкендија, овој пат во рамките на вториот 1/4 финален меч од купот. Во саботата тетовци триумфираа со резултат 3:2 на истиов тере, каде утре со почеток од 13 часот ќе се одигра дуелот. Вардар има предност од првиот меч одигран на Академијата, кога славевме минимално со резултат 2:1.

Полесни реванш натпревари треба да одиграат и генерациите на Вардар родени “2004„ и “2005„ година. Вардарците родени “2004„ година во четврток од 10:00 часот на теренот на Академијата ја пречекуваат екипата на Пелистер, која ја совладаа на првиот дуел во Битола (0:2), додека генер. “2005„ со висока предност од 7:1 ќе го започне реваншот против Работнички, дуел закажан за во среда од 10:00 часот на теренот на Алумина