Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Бојана Диневска: Чест е да се биде капитен на вакви девојки, “жарот за победа“ блеска во нивните очи
Бојана Диневска: Чест е да се биде капитен на вакви девојки, “жарот за победа“ блеска во нивните очи

Бојана Диневска: Чест е да се биде капитен на вакви девојки, “жарот за победа“ блеска во нивните очи

Тргнаа како “отпишани“ во Супер лигата, но тие не мислеа така, младиот ЖРК Вардар оваа сезона е есенски хит во сениорска конкуренција. Досега се во топ-3 тимовите од лигата, Куманово кој игра во европските купови и е еден од фаворитите за титулата не можеше да ги порази во Скопје, а им се “извлече“ и во Куманово. Тоа е тим на храбри млади дами кој од ден во ден напредува и ги поместува лимитите.

Дел од овој тим е и Бојана Диневска, таа е капитен на овој колектив, девојката која на своите “плеќи“ ја понесе големата тежина да ја наследи “капитенската лента“ од Суслина и Радичевиќ. Станува збор за играч со одлични перформанси, тимски играч, кој има игра на ниво во двата правца, напад и одбрана.

Зад нас овој викенд се две убедливи победи, во Суперлигата ја совладавме убедливо по втор пат прилепска Деспина. Во младинската женска лига дојдовме до шест од шест откако во Охрид со 11 гола предност го совладавме тимот на Лихнид во салата “Б.Извори“.

Капитенот Диневска:  “Жарот за победа“ блеска во нивните очи, нашите срца “горат“ за триумф силно како “логорски оган“...

Капитенот Диневска: “Жарот за победа“ блеска во нивните очи, нашите срца “горат“ за триумф силно како “логорски оган“…

*Двата натпревари овој викенд, во Супер лигата и младинската конкуренција ги одигравме навистина добро и поубедливо од очекувањата.  Иако имаме голем број на повредени играчи, победивме на убедлив начин, и сакаме да продолжиме онаму каде што застанавме претходно. Задоволна сум од соиграчите секоја девојка се обидува и успеава да одговори на предизвиците на неколку позиции, желбата за игра и победа се гледа во очите на секоја од нас, тоа е несомнено,  на дуелите нашите срца “горат“ за триумф силно како “логорски оган“.

Диневска во оваа сезона е капитен на “новиот“ ЖРК Вардар, фунција која има своја тежина, но и која преставува чест за секоја ракометарка во кариерата.

*Навистина е чест да се водат овие фантастични девојки како капитен, навистина сум среќна за шансата да бидам водач на еден ваков млад, амбициозен и без страшен колектив. Формулата за успех е нашата безпоштедна работа, тимскиот дух и големата воља на секоја од нас на секој следен дуел да биде подобра од изминатиот, тоа е навистина “богатство“ за Вардар.

Овој млад тим е предводен од искусниот тренер во женскиот македонски ракомет, Симе Симовски човек кој покрај ова ја извршува и фунцијата селектор на македонската женска сениорска репрезенација.

d2

Диневска: Формулата за успех е нашата безпоштедна работа, тимскиот дух и големата воља…

*Досегашниот успех исто така несомнено се должи и на тренерот Симе Симовски. Со неговото големо ракометно знаење, искуство, но особено начинот на мотивација ни помага да бидеме далеку подобри како спортисти. Од него постојано и секојдневно учиме нешто ново, тоа лесно се забележува низ нашите настапи и подигањето константно на нашата форма од дуел во дуел како изминува сезоната.

Пред девојките е повеќе од половина од сезоната во двете конкуренции, капитенот на тимот зборува за она што младииот колектив го очекува како успех во оваа натпреварувача сезона 2018/2019 година.

*Во преостанатиот дел од сезоната очекувам да одиграме на уште повисоко ниво, но треба уште многу работа, труд, пот и желба да ја постигнеме посакуваната цел која ја имаме зацртано. Тоа за нас е првото место на суперлигашката табела, и пехарот во младинската женка ракометна конкуренција во земјава- завршува капитенот на Вардар, Диневска.

Михајло Тушевски