Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардаровите кошаркарски екипи ќе играат без публика, федерацијата донесе протокол

Вардаровите кошаркарски екипи ќе играат без публика, федерацијата донесе протокол

Вчера, кошаркарската федерација на Македонија ги објави протоколите за работа на клубовите во време на пандемијата на коронавирусот, како начин за превенција и заштита од Ковид-19, кои беа донесени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Согласно протоколите, тренинзите и натпреварите во рамките на кошаркарските натпреварувања, пријателски или официјални, ќе се одвиваат без присуство на публика. Ќе има ограничен пристап на терените, а сите официјални лица, со исклучок на кошаркар(к)ите на терен, ќе мора да носат заштитни маски.

Сите кошаркари/ки и членови на кошаркарските тимови ќе мора да се тестираат најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, a по потреба и дополнително.

ЖКК Вардар ќе ги започне подготовките на 5.август,додека Јованчев момците ќе ги стартува околу две седмици потоа.