Џио Струмица потпиша договор со уште еден македонски репрезентативец – Васе Михаилов кој изминатата сезона беше дел од ОК Вардар.
Овој 34 годишен одбојкар, којшто игра на позицијата примач, цела кариера од натпреварувачката 2005-та/2006-та до лани ја мина во својот матичен клуб, единствено само минатата сезона настапуваше за црвено-црниот одбојкарски колектив.