На денешен ден пред точно три години, Вардар успеа на градскиот стадион да го победи тимот на Копенхаген.
Овој дуел беше во рамките на 3.коло од квалификациите во Лигата на Шампионите. Првиот меч се одигра во Скопје и го добија црвено-црните со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Балотели. Екипата таа година ја предводеше Гоце Седлоски.
На тој настапивме со следниов состав:
ВАРДАР: 90. Гачевски, 19. Хамбарџумјан, 6. Грнчаров, 21. Новак, 23. Демири, 8. Спировски, 20. Николов, 70. Фелипе, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 89. Балотели
РЕЗЕРВИ: 1. Алексовски, 5. Муслиу, 10. Којашевиќ, 16. Глигоров, 32. Глишиќ, 33. Исени, 77. Брдаровски
Во реваншот, Вардар не успеа да направи подвиг и беше поразен со резултат 4:1.