Во сабота повторно актуелни се возбудувањата од втората македонска кошаркарска лига, каде на програмата се дуелите од 13-сетото коло. Во истото кое е четврто оваа полусезона црвено-црниот кошаркарски колектив ќе атакува на четвратата победа.
Вардарците се домаќини во ова коло, тие во малата салата при Спортско рекреативниот центар “Кале“ ќе ја пречекаат екипата од скопската населба Чаир тимот на Кк Шкупи. Вардар кој е непоразен оваа кошаркарска пролет влегува како фаворит во дуелот со чаирчани, вардарци се второпласирана екипа во втората по квалитет кошаркарска конкуренција со 21 бод, а гостинот е шесто пласиран тим. Во првиот меч тогаш сосема изненадувачки како гости бевме поразени од Шкупи со резулат 84-75. Покрај овој дуел уште на програмата во ова 13.коло се и следните мечеви:
05.03.2016 |
Академија ФМП | Ангели | |||||
05.03.2016 | Тетекс | Радовиш | |||||
05.03.2016 | Водњански Л. | Охрид АВ | |||||
05.03.2016 | Гостивар 2015 | Пелистер |