Се комплетираше и последното коло од главната рунда во женската лига на шампиони. Вардарки со триумф на гостувањето во Шведска, успешно ги заокружија настапите во групата. Тие го освоија треттото место веднаш зад прво и второпласираните екипи на Будуќност и Ѓер. Така нашиот женски ракометен шампион за противник во 1/4 ја доби екипата на Ларвик од Норвешка.
Три ракометарки на ЖРК Вардар се најдоа во листата на ТОП-50 најдобри стрелци во најголемото ракометно натпреварување. Андреа Пенезиќ е на најдобар пат и оваа сезона да биде најдобар стрелец на Вардар. Таа има постигнато вкупно 58 голови и се наоѓа на 12 место на листата на најдобри стрелци. Две места подолу со два гола помалку, или вкупно 56 се наоѓа Андреа Лекиќ. Во оваа листа се наоѓа уште една ракометарка на Вардар, Маја Сокач со 33 постигнати голови го дели 39 место заедно со уште неколку други ракометарки.