Столбот во одбраната на Жрк Вардар, Андреа Кликовац останува верна на клубот и во наредната натпреварувачка сезона, откако има да одработи уште една година од својот договор. Така нашиот женски ракометен шампион успеаа да го задржи “костурот“ на екипата и за следната сезона. Ова е веќе четврта година за Кликовац во црвено-црниот дрес, откако дојде од екипата на Жито Прилеп. Таа е стандардна репрезентативка и на репрезентацијата на Црна Гора. Покрај во одбраната, знае често да одговори и изненади во нападот. Оваа сезона има постигнато вкупно 18 голови за црвено-црните.
Клубот го потврди останувањето уште на Радичевиќ, Лејно, Алтхаус, Пенезиќ и Лазовиќ.Од екипата си заминуваат Дембеле, Черноиваненко, Сокач и Грбиќ. Сеуште не е дефиниран статусот на Лекиќ и Суслина. Нови ракометарки од следната сезона, кои официјално се потврдени се Лакрабер и Херем.