Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Вардар во сабота го пречекува Фени, Комбат повикуват на масовност слават 5-години
КОШАРКА! Вардар во сабота го пречекува Фени, Комбат повикуват на масовност слават 5-години

КОШАРКА! Вардар во сабота го пречекува Фени, Комбат повикуват на масовност слават 5-години

Кошаркарите на Вардар овој викенд ќе го одиграат четврттото коло во Првата лига. Во сабота на 3-ти декември во малата сала при спортско рекреативниот центар “Кале“ го пречекуваме тимот од Кавадарци екипата на КК Фени Индустри. Мечот е закажан со почеток во 19-00 часот. Навивачите на црвено-црниот кошаркарски колектив повикуваат на масовност бидејќи тие воедно прославуваат  5-години од своето постоење, во информацијата за мечот велат:

03.12.2016 – САБОТА – 19:00
КК ВАРДАР – кк фени

5 ГОДИНИ ДРУГАРСТВО!
5 ГОДИНИ ЗАВИСНИ ОД ВАРДАР!
5 ГОДИНИ КОМБАТ 87!

БИДИ И ТИ ДЕЛ ОД НАС!
КОДЕКС, ФАРМЕРКИ И ЦРНО