Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Машкиот и женскиот сениорски тим на Вардар ги “запалија моторите“
Кошарка: Машкиот и женскиот сениорски тим на Вардар ги “запалија моторите“

Кошарка: Машкиот и женскиот сениорски тим на Вардар ги “запалија моторите“

По крајот на новогодишните празници машкиот и женскиот сениорски кошаркарски тим Вардар ги отпочнаа зимските подготовки. Двата тима ги очекува вториот дел од Првата лига и  настапите во  националниот кошаркарски Куп на Република Македонија.

Момците започнаа први тие првиот собир во малата сала “Кале“ го имаа уште на 3-ти јануари. Тое се подготуваат за битката против поискусните тимови во македонската кошаркарска елита и Купот. Ние сме еден од најмладите тимови во лигата каде играме претежно со млади македонски кошаркари. Распоредот за пролетните кола може да го погледнете на нашиот сајт 0вде!

Девојките на Жаклина Стојановска стартуваа на Божиќ, тие првиот собир го имаа на 7.јануари. Црвено-црните дами на пауза заминаа како второпласирани на табелата со само еден есенски пораз. Во пролетниот дел ги очекува Купот каде ќе се обидат третта година по ред да бидат на врвот од пиедесталот. Во лигата ќе се обидеме да го симнеме шампионот Бадел од тронот по долгогодишна доминација. Распоредот за пролетниот дел кој ви го донесовме на нашиот сајт може да го погледнете тука!