Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Јованчев: Наградата заокружува една успешно завршена цел, ме радува, но многу повеќе чуствувам одговорност
Јованчев: Наградата заокружува една успешно завршена цел, ме радува, но многу повеќе чуствувам одговорност

Јованчев: Наградата заокружува една успешно завршена цел, ме радува, но многу повеќе чуствувам одговорност

Јованчев Алeкандар е прогласен за најдобар селектор на машка екипа во млади категории во Македонија за 2018 во изборот на МКФ, награда што ја заслужи со третото место на Б-Европското првенство во Сараево во кадетска конкуренција и пласманот во А-дивизијата. Тој момент ја врати надежта на македонската кошарка, особено младинската која со години не можеше да оствари резултат на меѓународна сцена.

„Наградата најчесто заокружува една успешно завршена цел. Јас лично се радувам на неа, но многу повеќе чуствувам одговорност. Работата во младинските категории сама по себе е многу деликатна поради тоа што може да вложите многу труд и енергија, а на крај да не го добиете финалниот производ.

Се разбира, Јованчев нема да застане бидејќи го очекува работата со првиот тим на Вардар, а и следење на кошаркарите со кои настапи на шампионатот во Сараево. Тој резултат ќе остане длабоко врежан во неговото сеќавање.

Веројатно титулите треба да ги бараме во сениорските играчи што сме ги создале. Тоа е мојата и цел на КК Вардар каде се фокусиравме на неколку млади кошаркари со кои постојано работам на индивидуален и тимски план и кај кои има голем напредок. Неколу од нив добија шанса да тренираат со сениорскиот тим годинава што за мене е од големо значење и ја одбележува годината кога станува збор за работата во мојот клуб. Ако некој сака да набројува, тогаш бевме сребрени и бронзени во М15 и М16 и се пласиравме во Прва лига со сениорскиот тим. Тоа се екипите во кои бев инволвиран.

Репрезентацијата имаше две цели: да извади перспективни играчи и да избори пласман во А дивизија. Сметам дека направив добар баланс за да ги остварам. Освојувањето на третото место беше круна на бајката која започна пред 3 години. Репрезентативниот успех е навистина неспоредлив со било кој на клупски план. Едноставно не може да се опише чувството, тоа е момент на кој вечно ќе се сеќавам-, заклучува Јованчев.

Извор- http://basketball.mk