Во текот на вчерашниот ден својот 49-ти роденден го прослави селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез кој четири години беше на клупата и на Вардар, со кој успеа да ја освои и Европската титула.
Капитенот на Македонија и капитенот на Вардар, Кирил Лазаров и Стојанче Стоилов му го честитаа роденденот на „Ел команданте„ во друштво со Димитар Маневски, кој исто така е дел од стручниот штаб на Македонија, како и физиотерапевт, истата улога ја има и во тимот на Вардар. Тој денес слави роденден.