Црвено-црниот кошаркарски клуб оваа сезона е со вкупно 13 репрезентативци во националните селекции. Сериозната работа, професионалниот пристап и талентираните играчи се уште еден доказ дека нашите кошаркари се на правиот пат во кошаркарскиот свет.
Во составот на репрезентацијата до 20 години, од Вардар на списокот се најдоа 4 играчи и помошник на селекторот Василев е нашиот тренер на сениорскиот тим Дарко Радуловиќ.
ЕЛВИС ХОТ
ПЕТАР ПРЕНТОВИЌ
МИЛЕ СТАНИМИРОВИЌ
ИВАН ВОЛКАНОВСКИ
Со оваа генерација Европското Првенство ќе се одржи во Бугарија од 13-22 ЈУЛИ во Софија, Бугарија.
Последни пријателски натпревари пред заминување за Европското првенство (дивизија Б) младинците ќе одиграат во Софија против Бугарија и во Скопје против Романија.