Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор со уште подмладен состав ќе има тешка задача во новата сезона да обезбеди опстанок во Супер лигата
Вардар Јуниор со уште подмладен состав ќе има тешка задача во новата сезона да обезбеди опстанок во Супер лигата

Вардар Јуниор со уште подмладен состав ќе има тешка задача во новата сезона да обезбеди опстанок во Супер лигата

Екипата на Вардар Јуниор во новата натпреварувачка сезона ќе влезе со уште подмладен состав и ќе има тешка задача повторно да обезбеди опстанок во најсилната Супер лига. Нивен главен предводник од клупата и во новата сезона ќе биде Стојан Петрушевски, додека пак има промена на местото помошен тренер, каде Пепи Манасков ќе го завземе местото на Аце Станковски.

Што се однесува до играчкиот ростер има промени и во овој дел. Заминаа неколку поискусни играчи кои минатата сезона го сочинуваа “костурот“ на тимот и беа може да се каже предводници на тимот. Тоа се однесува на голманот Никола Кизиќ, потоа десниот бек, Стефан Трпчевски, како и пикерите, Кристијан Лазов и Кристијан Анастасовски, кои го напуштаат клубот. Дел од тимот на Вардар Јуниор во новата сезона нема да бидат ниту Дамјан Трајковски, Никола Димитров и Филип Стојменов.

Што се однесува до новите играчи во овој тим, тоа се најчесто ракометари кои минатата сезона беа дел од младинскиот состав кој го предводеа тренерите, Чивлачки и Грчевски. Во вториот тим на Вардар се прекомандувани, голманот Александар Тушев, потоа Васе Наков, Дарко Трајковски, Игор Ѓорѓиев, Христи Бикоски, Христијан Милошески и Ален Ќосевски. Екипата исто така ќе ја засилат и млад голман кој доаѓа од Пролет, како и играч од тимот на Струмица.

Јасно е дека со ваков уште подмладен состав, Вардар Јуниор ќе има потешка задача да опстане во супер лигата, но за новите играчи ова ќе биде големо и ново искуство, додека за оние кои веќе имаа можност една сезона да одиграат во најсилната македонска лига, треба да бидат поткрепа за помладите, како и играчи кои треба да го изнесат товарот во новата сезона.