Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Вардар денес организира новогодишен минибаскет фестивал (распоред)
Кошарка! Вардар денес  организира новогодишен минибаскет фестивал (распоред)

Кошарка! Вардар денес организира новогодишен минибаскет фестивал (распоред)

Koшаркарскиот клуб Вардар денес,  сабота,  23.12.2017 година во малата сала при  Срц “Кале“- Скопје ќе организира новогодишен минибаскет фестивал. Во истиот ќе земат  учество дури  20 екипи од цела Република Македонија!

Вардар годинава има неколку проекти кај младите категории, па така веќе зад нас се три кола од вардаровата баскет лига. На новогодишниот  минибаскет фестивал учество ќе земат екипи во две старосни категории. Станува збор за кошаркарски надежи кои ќе играат во повозрасната категорија родени 2007 и 2008 година, а помалата категорија ќе биде сочинета од кошаркари родени  2009 и 2010 година.  Ова е распоредот за денешните дуели:

  1. 9-00ч, МВП-МЗТ (2009/10)
  2. 10-00ч, МВП- Дрим Тим (2007/08)
  3.  11-00ч, МВП-Вардат-1 (2007 /08)
  4. 12-00ч, МВП-Вардат-1 (2009 /10)
  5. 13-00ч, Кетс- Феникс (2009 /10)
  6. 14-00ч. Кетс-Куманово (2007 /08)
  7. 15-00ч. Кетс-Гостивар (2009 /10)
  8. 16-00ч. Ангели-Вардар (2009 /10)
  9. 17-00ч. Петревски-Вардар (2009 /10)
  10. 18-00ч. Ангели-Вардар (2007 /08)