Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар триуфално и со “фенерџијата“ Трокал
ЖКК Вардар триуфално и со  “фенерџијата“ Трокал

ЖКК Вардар триуфално и со “фенерџијата“ Трокал

Bо рамки на 9.коло во првата женска кошаркарска лига девојките на Вардар беа домаќинки на “фенерџијата“ во лигата. На црвено-црните дами им гостуваше тимот на Трокал кој во моментот е последнопласиран тим во единствената женска кошаркарска конкуренција во земјава.

Во овој натпревар нашите кошаркарки влегуваат како голем фавориот, таа улога ја оправдавме со одлична игра во овој натпревар. Влеговме уште од првата минута безпоштедно, па уште на паузата имавме комотна предност. Вториот дел беше формалност и дојдовме до победа со “плус 42“ поени разлика. Ние “фенерџијата“, тимот на Трокал го совладавме со 84-41 во овој натпревар. По ова коло ние сме второпласирани, имаме пет победи и два пораза, и двата неуспеха се во дуел со шампионот Бадел 1862. Исто така и во првиот дуел нагости кај Трокал ние овој млад тим го победивме со “плус пеесет“ поени позитива, до победа дојдовме со резултат 23-73 на тој натпревар.

Ова бешее последно есенско коло во лигата по што следи стандардната зимска пауза пред почетокот на пролетниот дел кој начелно е предвиден за крајот на идниот месец.  Ние ќе презимиме како есенски вице-шампионки. Во првото пролетно коло треба да одиграме гостински дуел со тимот на Струга 2009.