Вчера во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, највозрасната момци од КК Вардар, селекцијата М18 гостуваше кај МЗТ. На овој меч момците на Александар Јованчев во дербито дојдоа до голема победа.
Црвено-црните настапија без четири стандардни играчи кои се повредени, но сепак одигравме поквалитетно од домаќинот. Успеавме да дојдеме до победа со резултат 67 : 76 на овој натпревар. Честитки за момците и за стручниот штаб.
Покрај највозрасните како гости и двете помлади екипи на домашен терен во Срц „Кале“ остварија победа над своите ривали. Ова се нивните резултати:
M15: Вардар-ТФТ 94 : 48
M14: Вардар-Ролинг 104 : 35