Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардар викендов ги пречекува девојките на “фенерџијата“ Трокал, вардарки атакуваат на седмата победа по ред во лигата
Кошарка: Вардар викендов ги пречекува девојките на “фенерџијата“ Трокал, вардарки атакуваат на седмата победа по ред во лигата

Кошарка: Вардар викендов ги пречекува девојките на “фенерџијата“ Трокал, вардарки атакуваат на седмата победа по ред во лигата

Во женската кошаркарска сениорска лига викендов ќе се одигра 6.коло од вториот круг, во истото девојките на ЖКК Вардар се домаќини на “фенерџијата“ во лигата, тимот на Трокал. Вардарки во сабота ќе го пречекаат последнопласиранот тим во малата сала при С.р.ц “Кале“-Скопје.

Црвено-црните девојки се апсолутен фаворит во овој дуел против тимот кој е закован за дното на табелата, во сите претходни три средби сезонава,  ние издвојувавме високи победи со оваа екипа. Вардарки ќе атакуваат на седмата победа по ред во регуларнот дел, тие во изминатите шест кола победуваа на секој дуел. Ако на тоа ги додадеме и двете победи од Купот имаме серија од осум меча без пораз. Во последното коло девојките на Дамњановски успеаа да го совладаат тимот на шампионот Бадел 1862.  Сега на врвот на табелата баделки се само на поен пред нас, тие имаат 23 бода, а ние 22, но до крајот останува уште еден меѓусебен дуел со нив, нагости.