Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Првото пролетно коло успешно за вардаровите екипи во детската лига
Првото пролетно коло успешно за вардаровите екипи во детската лига

Првото пролетно коло успешно за вардаровите екипи во детската лига

Изминатиов викенд се одигра првото пролетно коло и во детската фудбалска лига, а вардаровите генерации одиграа вкупно 12 натпревари, на кои беа постигнати 9 победи, еден нерешен резултат и два порази.

Најубедливиот триумф во првото пролетно коло го имаше екипата на Вардар (1) од генерација родени “20о5“ година кои славеа во дуелот со Викторија, убедливо со резултат 22:0. Нивниот братски Вардар (2) од истава генерација исто така беше убедлив во дуелот со Башкими, славејќи висока победа против екипата на Башкими со резултат од 12:1. Успешен старт на пролетниот дел имаше и вардаровата генерација родени “2006“ година, кои со двете екипи забележаа победи. Дербито во оваа генерација го одиграа Вардар (1) и Милано, дуел кој им припадна на избраните на Сашо Јанев со резултат од 3:0, додека Вардар (2) го победи Куманово и тоа со минимален резултат од 2:1. Идентични победи со резултат 9:0 остварија двете екипи на генерацијата “2007“ на ФК Вардар. Најпрво Вардар (1) го совлада тимот на Њу Старс (2) со 9:0, додека со истиот резултат славаше и Вардар (2) против екипата на Еуроспорт.

29340431_10211647101515278_1640450187337924608_n

Победа и нерешен резултат во првото пролетно коло за генерацијата “2008“. Вардар (1) ремизираше 1:1 во дуелот со екипата на Њу Старс, но затоа сигурен беше Вардар (2) кој го растури тимот на Башкими убедливо со 9:1. Единствено  генерацијата родени “2009“ не успеаа да се радуваат на победи во првото пролетно коло. Двете екипи на Златко Таневски ги загубија натпреварите од Шкупи ( 2:7) и Башкими (1:5). Затоа две убедиви победи на стартот имаше најмладата генерација родени “2010“ година. Вардар (1) го победи Њу Старс (12:3), додека Вардар (2) го победи тимот на Фаст со резултат од 10:1.