Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинците и пионерите на РК Вардар се многу блиску до пласман на Ф4, пионерките водат голема борба, додека младинките на Вардар Јуниор во рамноправна борба со Металург, за новиот шампион во женската младинска лига
Младинците и пионерите на РК Вардар се многу блиску до пласман на Ф4, пионерките водат голема борба, додека младинките на Вардар Јуниор во рамноправна борба со Металург, за новиот шампион во женската младинска лига

Младинците и пионерите на РК Вардар се многу блиску до пласман на Ф4, пионерките водат голема борба, додека младинките на Вардар Јуниор во рамноправна борба со Металург, за новиот шампион во женската младинска лига

Младинските екипи на ракометниот клуб Вардар се борат за пласман на завршниот турнир во својата возрасна генерација.

Пионерите на РК Вардар кои се предводени од Андријана Будимир се  на чекор до пласман на завршниот турнир, на кој ќе играат само првопласираните екипи од сите четири групи. Моментално во рамките на групата 1, вардаровите пионери се наоѓаат на првата позиција која носи пласман на Ф4. Победата против Аеродром изминатиов викенд, беше десетта последователна за избраницитие на Будимир, со која се зацврстија на првото место на табелата, со 30 освоени бодови. Единствен конкурент до крајот на регуларниот дел за Вардар ќе биде екипата на Шампион која се наоѓа на втората позиција на табелата, со само три бода помалку од црвено-црните. Единствениот пораз оваа сезона, РК Шампион го доживеа токму во дуелот со избраниците на Будимир и тоа на свој терен. Со оглед дека Вардар во претпоследното коло е домаќин на Шампион, се поизвесно едека тие ќе го освојат првото место во оваа група. Во следното коло,Вардар ќе гостува во Автокоманда на екипата на Металург Јуниор, дуел на кој Вардарци се големи фаворити за освојување на бодовите.

Младинците на РК Вардар може да се каже дека се веќе сигурни патници на завршниот турнир во младинската лига, со оглед дека се наоѓаат на првото место на табелата и имаат дури десет бодови повеќе третопласираниот тим на Прилеп, кој токму него го совладаа на Кале, на меч одигран во неделата. Избраниците на Чивлачки и Грчевски со осум победи и само еден нерешен резултат се наоѓаат на првото место на табелата, со четири бодови повеќе од екипата на КЛ-7 Струга, која се наоѓа на втората позиција, во рамките на групата 1 од младинската лига.

Голема борба за пласман на завршниот турнир водат и пионерките на РК Вардар, кои се наоѓаат на третото место на табелата, со само два бодови помалку од првопласираниот и второпласираниот тим на Делчево и Куманово. До крајот на регуларниот дел остануваат уште три кола за одигрување, а во следното избраничките на Платон гостуваат на екипата на Велкова 5. Екипите кои ќе завршат на првите две позиции во двете пионерески групи ќе играат на завршниот турнир во женската пионерска лига.

Младинките на Вардар Јуниор водат голема борба со екипата на Металург, за освојување на младинската лига. Тие имаат еднаков број на освоени бодови, а екипата од Автокоманда има и натпревар помалку за одигрување.

Од останатите екипи на Вардар без шанси за пласман на завршниот турнир се младинците на Вардар Јуниор, како и новата генерација-пионери на Вардар Јуниор. Младинките на Вардар исто така имаат заостанување зад првопласираните две екипи, во рамките на младинската женска лига.