Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Познат распоредот на дуели во плеј-аутот за РК Вардар Јуниор
Познат распоредот на дуели во плеј-аутот за РК Вардар Јуниор

Познат распоредот на дуели во плеј-аутот за РК Вардар Јуниор

Тимовите коишто завршија во плеј-аут лигата по крајот на регуларниот дел во машката ракометна Супер лига ќе разигруваат за опстанок. Во овој сегмент се најде младата екипа на РК Вардар Јуниор составена од млади ракометари и предводена од Стојан Петрушевски.  Покрај нас  во оваа лига се најдоа тимовите на Металург 2, Борец, Радовиш,  и Прилеп.

Ќе има во плеј-аутот 10 кола, а секој тим ќе одигра осум меча односно секое коло ќе се играат два дуела, а еден тим ќе биде слободен. Распоредот на плеј-аут сегментот во кој нашиот млад црвено-црн ракометен машки колектив ќе “брка“ опстанок изгледа вака:

1.коло (24/25.03) 
ГРК Борец-РК Прилеп 2010
РК Радовиш-РК Вардар Јуниор

2.коло (31.03/1.04)
РК Прилеп 2010-РК Радовиш
РК Металург 2-ГРК Борец

3.коло (14/15.04)
РК Радовиш-РК Металург 2
РК Вардар Јуниор-РК Прилеп 2010

4.коло (28/29.04)
РК Металург 2-РК Вардар Јуниор
ГРК Борец-РК Радовиш

5.коло (05/06.05)
РК Вардар Јуниор-ГРК Борец
РК Прилеп 2010-РК Металург 2

6.коло (09/10.05)
РК Прилеп 2010-ГРК Борец
РК Вардар Јуниор-РК Радовиш

7.коло (12/13.05)
РК Радовиш-РК Прилеп 2010
ГРК Борец-Металург 2

8.коло (23/24.05)
РК Металург 2- РК Радовиш
РК Прилеп 2010-РК Вардар Јуниор

9.коло (26/27.05)
РК Вардар Јуниор-РК Металург 2
РК Радовиш-ГРК Борец

10.коло (02/03.06)
ГРК Борец -РК Вардар Јуниор
РК Металург 2 -РК Прилеп 2010