Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардарки утре во 13 часот гостуват кај “фенерџијата“ Трокал
Кошарка: Вардарки утре во 13 часот гостуват кај “фенерџијата“ Трокал

Кошарка: Вардарки утре во 13 часот гостуват кај “фенерџијата“ Трокал

Од овој викенд почнува  2.круг во женската прва кошаркарска лига, во истата ЖКК Вардар е гостин на “фенерџијата“ во лигата екипата на Трокал. Дуелот ќе се игра утре, 3-ти фебруари со почеток во 13-00 часот.

Ние сме апсолутни фаворити на ова гостување против тимот кој е “закован“ на дното на табелата без ниту еден триумф во изминатите осум кола во единствената женска лига во земјава. Таа улога ја оправдавме и на двете претходни соочувања во првиот круг како гости, а потоа и како домаќини на тимот на Трокал.

  Во првиот дуел како гости кај овој тим победивме со “плус пеесет“ поена позитива односно со резултат 23-73. На домашниот дуел кој беше последен натпревар во изминатата 2017 година за нас и  кој се одигра во малата сала при спортскиот центар “Кале“ во Скопје победивме со “плус четириесет и два“, мечот заврши со 83 – 41 во наша полза.