Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Големо засилување за ОК Вардар, репрезентативецот Дејан Симовски е нов член на црвено-црните
Големо засилување за ОК Вардар, репрезентативецот Дејан Симовски е нов член на црвено-црните

Големо засилување за ОК Вардар, репрезентативецот Дејан Симовски е нов член на црвено-црните

Одбојкарскиот клуб на Вардар оваа сезона ќе биде посилен за услугите на македонскиот репрезентативец, еден од браќата Симовски, тоа е Дејан кој и официјално стави потпис на договор со Вардар. Тој претходно настапуваше за екипата на Лешок од Тетово, откако дојде од првенството на Франција, од екипата на Епинал. Неговиот брат, Јовица Симовски е исто така успешен одбојкар и дел од екипата на Ајачио, исто така во Франција. И двајцата се репрезентативци на Македонија, која ја предводи Жарко Ристовски. Дејан ќе биде големо засилување за црвено-црните, во вториот дел од сезоната.

-Големи засилувања за вториот дел од сезоната !! Искусниот репрезентативен коректор Дејан Симовски и официјално ги засилува нашите редови. Покрај него, со уште еден интернационалец и репрезентативец значително го подигнуваме нивото и квалитетот на организација на нашата игра. Амбициите за враќање на двојната круна во Скопските витрини се реални. НАПРЕД ВАРДАР, стоеше на официјалната страна на ОК Вардар.