Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Шумуликоски и Словачко утре на дуел со Вардар
Шумуликоски и Словачко утре на дуел со Вардар

Шумуликоски и Словачко утре на дуел со Вардар

Утре тимот на Вардар ќе го одигра претпоследниот пријателски натпревар во Анталија. На утрешниот натпревар противник на “црвено – црните” ќе им биде тимот на Словачко од Чешка каде што настапува некогашниот репрезентативец на Македонија, Величе Шумуликоски кој е капитен на овој тим.

Тимот на Словачко игра разочарувачки оваа сезона во шампионатот на Чешка и се наоѓа на 14 место од 16 екипи со само 12 освени бодови на 16 натпревари. Словачко го има вториот најнеeфикасен напад со само 13 постигнати голови.

Кога сме кај нашиот Шумуликоски, искусниот играч за врска оваа сезона има одиграно 13 првенствени натпревари без ниту еден постигнат погодок. Шумуликоски важи за една “легенда” на чешкиот тим, во него е од 2013 година каде досега има одиграно 105 натпревари со 7 постигнати погодоци.

Очекуваме нова добра партија од тимот на Вардар и победа против екипата на Словачко. Во колку часот ќе биде одигран утре овој натпревар чекаме информации од ФК Вардар.

Инаку, утре можно е да заиграат и новите играчи на Вардар, Лукман Харуна и Кларенс Битанг.