Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Лукман стигна во Анталија, ако ги мине лекарските тестови потпишува веднаш, а Битанг пристигнува утре
Лукман стигна во Анталија, ако ги мине лекарските тестови потпишува веднаш, а  Битанг  пристигнува утре

Лукман стигна во Анталија, ако ги мине лекарските тестови потпишува веднаш, а Битанг пристигнува утре

Поранешниот нигериски репрезентативец Харуна Лукман попладнево им се приклучи на фудбалерите на Вардар, па од денешните тестови во Анталија ќе биде познато, дали ќе се приклучи со работа во црвено-црниот дрес и автоматски ќе биде петто засилување за црвено-црните.

Лукман, 27-годишниот Нигериец кој има добро педигре од минатто, како репрезентативец на својата земја, со настапи во француската Лига 1 и во украинскиот гигант Динамо Киев ќе добие шестмесечен договор со опција да се продолжи соработката на уште две години, но вардарци се претпазливи со него, затоа што сè зависи од тестовите и степенот на подготвеност.

Во Вардар немаат дилема во фудбалските квалитети на Лукман, но фактот дека не е во натпреварувачки ритам, но поучени и од претходниот случај кога Бразилецот Густаво Марментини падна на лекарски прегледи поради проблем со срцето на веќе договорен трансфер не сакаат да се истрчаат со дефинитивно потврдување на трансферот. Харуна има 55 настапи во украинското првенство, 44 во Лига 1 како член на Монако, три настапи во ЛШ и 12 настапи во Лига Европа. Нигериецот, Харуна има настапувано за големи фудбалски тимови и на едно Светско првенство и тоа против големата Аргентина и Меси (види).

 

продолжи со читање на sport1.mk