Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез: Секогаш кога излегуваме на теренот сакаме да победиме – Стоилов: Не очекува интересен натпревар против Татран
Гонзалез: Секогаш кога излегуваме на теренот сакаме да победиме – Стоилов: Не очекува интересен натпревар против Татран

Гонзалез: Секогаш кога излегуваме на теренот сакаме да победиме – Стоилов: Не очекува интересен натпревар против Татран

Вардарци се наоѓаат во Прешов, каде утре ги продолжуваат натпреварите во рамките на СЕХА-лигата. Нема многу одмор за нашиот шампион, кој знаеме дека вчера вечерта играа натпревар во Белорусија, ремизирајќи против тимот на Брест Мешков. Против Татран ќе имаме можност да се вратиме на победите, што ќе биде прв триумф оваа година. Гонзалез истакна дека Вардар нема многу време за подготовка, но дека на секој меч излегува со мислата да победи.

-После тешкиот натпревар во Белорусија, веднаш заминавме за Словачка. Очигледно е дека немаме многу време за подготовка и анализа. Татран е секогаш силен тим и тешко е да се игра против нив, без оглед со кој состав располагаат во моментот. Оваа сеона тие ги покажаа своите способности и ја започнаа годината одлично. Покрај тоа тие имаа повеќе време да се подготват а овој меч, но ние секако дека сакаме да победиме секој пат кога ќе излеземе на теренот, така ќе биде и во сабота.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов очекува интересен натпревар.

-Втор по ред тежок натпревар за нас. Ние немавме многу време да се одмориме, бидејќи веднаш заминавме за Словачка, после натпреварот против Мешков. Она што го знаеме е дека Татран е млад, добар тим и се разбира дека тоа ќе биде интересен натпревар.