Кларенс Битанг треба да биде шесттото засилување за тимот на Вардар. Битанг е во добра натпреварувачка форма па така ќе треба да покаже квалитет за да биде потпишан од шампионот на Македонија.
Дека Битанг е во добра натпреварувачка форма говори и податокот дека овој играч има одиграно веќе три официјални натпревари во месец јануари, а тоа се натпреварите за Камерун на домашниот Африкански куп на нации. Битанг одиграл вкупно 135. минути против Буркина Фасо, Ангола и Конго.
Ова нема да биде прво европско искуство за Кларенс Битанг кој има играно веќе три сезони во првенството на Грција.