Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Стефан Ристовски: Гордост е првиот синоним што ме потсеќа кога ќе го слушнам името Вардар, бидејќи тоа е всушност мојот втор дом
Стефан Ристовски: Гордост е првиот синоним што ме потсеќа кога ќе го слушнам името Вардар, бидејќи тоа е всушност мојот втор дом

Стефан Ристовски: Гордост е првиот синоним што ме потсеќа кога ќе го слушнам името Вардар, бидејќи тоа е всушност мојот втор дом

За шампионската генерација “2005′ на ФК Вардар настапуваат многу талентирани играчи, а еден од нив е Стефан Ристовски. Тој е дел од екипата на Вардар (2), со која минатата сезона го освои третото место во детската лига. Стандарден дел од составот на оваа екипа, кој настапува на позицијата десен бек. Во следново интервју ве запознаваме токму со овој млад и надежен играч кој е дел од најдобриот клуб во Македонија.

1. На колку години започнавте да играте фудбал и зошто баш се одлучивте за овој спорт ?

-Фудбал започнав да тренирам на 6 години, а се одлучив за овој спорт бидејки пред се е спорт во кој преовладува тимската игра.

2. Кој е вашиот прв клуб каде започнавте да играте и кој беше првиот тренер кој ви ги даде основите на фудбалската игра ?

vardarfans-1

-Мојот прв клуб во кој јас започнав да тренирам е Металург а тренер ми беше Коста Натев-Бимбо од кого ги научив основните правила во фудбалот: фер игра, тимска работа и борбеност. Но желбата да тренирам во клубот Вардар беше преголема, па на моја 8 годишна возраст и на мое огромно задоволство станав дел од најголемиот и најдобриот фудбалски клуб Вардар.

3. Минатата сезона вашата генерација успеа да стане шампион во детската лига. Како ја видовте сеоната, која двете екипи ја завршија само со еден и единствен пораз ?

-Минатата сезона како и оваа трениравме напорно и поради тоа беа очекувани резултатите што ги постигнавме. Верував во таквиот подвиг бидејќи за наша среќа го имавме за тренер, Игор Кралевски кој веруваше во нашите способности и не водеше кон успехот. Оваа сезона наш тренер е тренерот Ане Андоновски кој многу го почитувам и од кого научивме како еден спортист треба да го гради својот карактер, па се надевам дека ќе бидеме уште поуспешни.

27661526_2014647075229402_2093054474_n

4. Како Стефан ја гледа фудбалската игра и кои се главните фактори за еден играч да биде успешен и квалитетен ?

-За еден играч пред се да биде успешен и квалитетен според мене треба да биде доволно упорен , да верува во себе и во целост да ги извршува очекувањата од тренерот.

5. Кој е првиот синоним, кога ќе слушнете за името Вардар и што значи истото зза вас ?

-Гордост е првиот синоним што ме потсеќа кога ќе го слушнам името Вардар, бидејќи тоа е всушност мојот втор дом.

6. Оваа сезона имате можност да работите со Ане Андовски, каков тренер е тој, сигурно има многу да научите од него ?

-Горд сум што го имаме за тренер тренерот Андовски , тоа е тренер кој неизмерно го почитувам и кој не научи на дисциплинирана и напорна работа која сигурно ќе не однесе само до успеси.

141-660x330-660x330

7. Во есенскиот дел вашата генерација има само еден пораз во детската лига. Дали сте задоволни од прикажаната игра и резултати во овој прв дел од натпреварувачката сезона ?

-Резултатите говорат сами по себе, а задоволството е неизбежно но тоа не значи дека не треба да се трудиме и понатаму и неуморно да тренираме.

8. Со оглед дека играте во дефанзивната линија како десен бек, дали сметата дека ова е вашата идеална позиција на теренот ?

vardarfans-2

-Започнав како напаѓач, но тренерот Зоран Петковски ми предложи да играм како одбранбен играч и од тогаш сум на таа позиција и мислам дека голема е одговорноста да се биде одбранбен играч. Таа позиција во моментов ме исполнува и се трудам да ги постигнам очекувањата во играта .

9. Кои се целите кои сака Стефан во иднина да ги исполни ?

-Моите родители секогаш викаат биди упорен и се што е твое само ќе си дојде, па затоа мене ми останува само напорно да тренирам и да бидам упорен а другото само ќе си дојде.

Звонко Ивановски